Хакери украле лични и финансиски податоци на 380 илјади клиенти на „Бритиш ервејс“, јавија британските медиуми.

Цел на хакерскиот напад бил сајтот на „Бритиш ервејс“ и мобилната апликација на компанијата.

Со нападот се погодени клиенти кои платиле за авионски билети во периодот од 21 август до 5 септември. Не се украдени податоци од пасоши и информации за летовите.

„Бритиш ервејс“ почна истрага и е во постојан контакт со своите клиенти.