Вечерва се одржа првата дебата во пресрет на американските претседателски избори, и ако постои какво било чувство на милосрдие останато во оваа нација, таа ќе биде и последна, пишува Дејвид Грејам во неговата колумна за „Атлантик“ насловена „Укинете ги дебатите“, по повод првото од трите предвидени соочувања помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, во пресрет на изборите на 3 ноември.

– Претседателот Доналд Трамп, кандидатот на републиканците, лажеше во повеќе наврати, одби да ги осуди расистичките групи дури и откако јасно понуди да го стори тоа и се обиде да ја подрие довербата во изборите. Поранешниот потпретседател Џо Бајден, од Демократската партија, луташе зборувајќи за неговите ставови, завршувајќи ги речениците само спорадично. Модераторот Крис Валас загуби контрола во првите минути и не успеа повторно да ја врати – пишува Грејам.

Гласачите кои ја следеа дебатата во надеж дека ќе научат нешто ново за плановите на кандидатите за државата или за нивниот карактер, мора да сфатиле уште на почетокот дека се наоѓаат на погрешно место. Тројцата учесници се надласуваа по неколку минути. Трамп го прекинуваше Бајден, а овој го прекинуваше Трамп. Валас се обиде да ги прекине двајцата, со лимитиран успех, особено против Трамп, на кого во одреден момент му понуди да ги заменат местата.

Претседателските дебати ретко прават разлика во трката. Ова веројатно е особено точно годинава кога анкетите остануваат изненадувачки стабилни. Наспроти тоа, десетици илјади Американци веќе гласаа, а уште гласачи се изјаснуваат секојдневно.

Можеби имаше гласачи кои беа изненадени од глетката дека Трамп е дрдорлив силеџија или пак, имаше и такви кои беа наклонети кон Бајден, но ги поколеба неговиот безличен настап. Но, кој било неодлучен гласач што ја следел дебатата со цел да дознае нешто продуктивно, сигурно набргу посегнал кон далечинскиот управувач (а можеби и кон жесток пијалак).

Претседателските дебати се организирани од Комисијата за претседателски дебати (ЦПД) на САД, која е непартиска и независна организација. Целта на групата е да осигури дека гласачите имаат прилика да ги виддат водечките кандидати како дебатираат за време на узборната кампања.

Ако ЦДП навистина сака американските гласачи да имаат полза, таа треба да ги укине преостанатите две предвидени дебати, заклучува авторот.