Силен тајфун денеска го погоди источниот дел на Филипините и предизвика прекин на електричната енергија во неколку провинции. Државната метеоролошка служба објави дека тајфунот донесе силен ветер со брзина од 120 километри на час, со налети до 150 километри на час.

– Фала му на Бога, ние имаме помала штета овде – рече гувернерот на провинцијата Источен Самар, кој беше погоден од Консон рано наутро, и додаде дека работата во владините канцеларии во моментов е прекината.

Од невремето оштетени се некои електрични водови, а прекин на електричната енергија е регистриран во провинциите Источен Самар, Самар и Лејте, додека локалните власти известија за поплави во градот Токобан.

Метеоролошкиот институт предвидува дека Консон вечерва или среда наутро ќе ослабне во тропска бура. Околу 20 тајфуни и бури ги погодуваат Филипините годишно, покрај сезонските монсунски дождови.

Филипините се исто така во таканаречениот „огнен прстен“ на Пацификот, регион подложен на земјотреси и вулкански ерупции, поради што таа земја е меѓу најизложените на природни катастрофи.