Четири лица биле пронајдени мртви во болница во градот Потсдам, недалеку од Берлин, а уапсена е и жена осомничена за нивното убиство, соопшти денеска германската полиција.

Портпаролот на полицијата на провинцијата Бранденбург изјави дека покрај четирите мртви лица во клиниката за ортопедија Оберлин, пронашле и едно тешко повредено лице, пренесува агенцијата АП.

Според неговите информации, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство.

Локални медиуми наведуваат дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена на клиниката, додека жртвите се пациенти.