Вооружени лица убија еден ученик и киднапираа уште дваесет и седум деца за време на нападот врз интернат во северниот дел на централна Нигерија. Киднапирани се и тројца вработени и 12 нивни роднини, рече гувернерот на Абубакар, Сани Бело, пренесува Би-би-си.
Напаѓачите упаднале во државниот колеџ за науки во областа Кагар и го совладале обезбедувањето на училиштето, по што ги одвеле учениците, велат локалните жители. Околу 600 момчиња спиеле во интернатот кога напаѓачите влегле во училиштето, рече директорот Данасабе Убаиду.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го осуди нападот и киднапирањето и им нареди на безбедносните служби да спроведат операција за спасување. Мотивот за нападот не е јасен, но криминалните банди често киднапираат луѓе за да соберат откуп во делови на Нигерија. На северот на Нигерија активни се и екстремистите од исламистичката група Боко Харам, како и Исламската држава, како и други вооружени групи.