Тригодишен син на политичар е застрелан синоќа кога непознати напаѓачи пукале на автомобил „ренџ ровер“, на градски советник. Возилото го управувал Вјачеслав Соболев, бизнисмен и пратеник на регионалниот совет.

Напаѓачите се обиделе да го застрелаат Соболев преку страничниот прозорец на возачот, но кушумите завршиле во неговиот син. Тригодишнто дете починало во брза помош на пат кон болницата, јавуваат локалните медиуми.

Се верува дека вооружените лица избегале од местото на настанот во „лексус седан“.
Тригодишното дете е најмалиот син на политичарот, кој е татко на пет деца.

Министерството за внатрешни работи не соопшти информации за идентитетот на сопственикот на возилото или идентитетот на жртвата.