Израелската армија денеска соопшти дека Палестинец бил убиен во Западен Брег по обид со возило да пегази израелски војници.

Во нападот ниту еден израелски војник не е повреден.

Во последните две години, забележани се многу напади со автомобили и ножеви во Западниот Брег.

Најмалку 119 Палестинци загинаа во судирите со израелската армија од 30 март.