Новинарот на Ројтерс, Даниш Сидики е убиен денес додека известувал за конфликтите на авганистанските сили и талибанските борци недалеку од граничниот премин со Пакистан, рекол еден од командантите на Авганистан.

Специјалните сили на Авганистан се бореле за преземање на контролата над подрачјето на главниот пазар во областа Спин Болдак во момент кога загина еден новинар и еден офицер во борбата со талибанците.

Сидики како новинар бил приклучен кон специјалните сили на Авганистан во јужната провинција Кандахар и известувал за престрелките меѓу Авганистанците и Талибанците.
Претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот одговорен уредник, Алесадро Галони соопштиле дека агенцијата се обидува да дојде до дополнителни информации и дека соработува со властите во овој регион.

– Даниш беше исклучителен новинар, посветен сопруг, татко и омилен колега. Сочувство до фамилијата во овој ужасен момент – се наведува во соопштението.