Еден кандидат за пратеник во ирачкиот парламент бил убиен од непознати напаѓачи јужно од Мосул, соопшти денеска претставник на ирачката полиција.

Непознати напаѓачи во селото ал-Зака јужно од Мосул во текот на ноќта упаднале во куќата на Фарук Зарзур ал-Џубури, кој се кандидирал за парламентот на листата на поранешниот потпретседател Ајад Алави и го избоделе, додава полицискиот извор.

За нападот одговорноста ја презеде Исламска држава, но тие објавија дека кандидатот бил застрелан.

Ирак во сабота избира нов парламентарен состав на првите избори откако минатата година е поразена Исламска држава.