Висок генерал на армијата на Етиопија, Сеаре Меконен, е застрелан во главниот град Адис Абеба, пренесуваат државните медиуми. Тој бил убиен додека се обидувал да спречи државен удар против администрацијата во регионот Амхара.

Во судирите убиени се и регионалниот градоначалник Амбаче Меконен и друг функционер.

Етнички немири го погодија овој регион и други региони во Етиопија изминатите неколку години.

Откако беше избран минатата година, премиерот Aби Ахмед се насочи кон ставање крај на политичката репресија, преку ослободување на политичките затвореници, отстранување на забрани за политичките партии и гонење на службените лица обвинети за кршење на човековите права.