Најмалку 15 граничари се убиени денеска од талибански бунтовници при напад врз мал пограничен објект во авганистанската провинција Кундуз, соопштија локалните власти.

Најмалку 13 војници се повредени утринава во близина на округот Калах е Зал до границата со Таџикистан. Дел од објектот бил опожарен, а бунтовниците ја украле целата опрема. Претставник на локалниот парламент ја потврди информацијата за нападот и истакна дека биле убиени 16 лица.

Во понеделникот при напад на талибанците во провинцијата Фараб, исто така во северниот дел на Авганистан, беа убиени 13, а повредени 20 припадници на авганистанските безбедносни сили.