Полицаец во алкохолизирана состојба застрела двајца свои колеги во етиопискиот главен град Адис Абеба, соопштија државните медиуми.

– Напаѓачот исто така е застрелан – изјави началникот на федералната полиција Зејну Џемал.

Тој не соопшти дали станува збор за етнички мотивиран напад.

Улиците во централниот дел на градот, каде што се случи престрелката, беа блокирани.