Кениската полиција го уапсила Абубакар Мансур Сурур, кого САД го бараат поради шверц на слонови и рогови на носорози, соопштиле властите во Момбаса.

„Ројтерс“ пренесува дека Абубакар Сурур бил уапсен откако слетал во Мумбаса од Јемен, и дека Американската управа за борба против наркотици го товари Сурур и уште тројца други за здружување со цел шверц на најмалку 190 килограми рогови од носорог и 10 тони слонова коска, со вкупна вредност над 7 милиони долари.

Покрај тоа, Сурур е обвинет за перење пари и дистрибуција на хероин.

– Потрагата по Сурур трае веќе 2 години, а во понеделникот добивме информација дека со 33 други патници ќе пристигнат со авион во Момбаса од Јемен – рече првиот човек на одделот за борба против наркотици на кениската полиција, Хамиси Маса за „Ројтерс“.