Висок функционер на францускиот Сенат Беноа Кенеде е уапсен под сомнение дека собирал и доставувал исклучително чувствителни информации до Северна Кореја, јавија француските медиуми.

Кенеде во неделата го уапсиле припадници на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ), а канцеларијата му била претресена вчера, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на неименувани, добро информирани извори.

Високиот функционер на Сенатот е уапсен во рамките на истрага која биола отворена во март поради „собирање и доставување информации за странска сила, а кои можат да им наштетат на суштинските интереси на земјата“, пишува весникот.