Италијанската полиција во Калабрија го уапси трговецот со кокаин, Франческо Странџио, кој учествувал во големи испораки на кокаин од Јужна Америка до германските и белгиските пристаништа.

Освен тоа, Странџио припаѓа на кланот, кој е одговорен за масакрот во ресторан во Германија во 2005 година, кога загинаа шест лица.

Странџио е во бегство од јануари минатата година, кога беше осуден на 14 години затвор за шверц со дрога и се криеше во Калабрија, која важи за упориште на мафијашкиот клан Ндрангета.