Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Рускиот истражен комитет притвориле 26- годишен руски државјанин кој ѝ префрлил најмалку 50 милиони рубли (770.000 американски долари) на терористичката Исламска држава, пренесува ТАСС.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ рече дека притвореното лице е Георги Гајев од рускиот регион Северна Осетија-Аланија.

-Според истражителите, во периодот од јануари 2015 до мај 2019 осомничениот собирал средства преку банкарски картички и обезбедувал финансиски услуги за Исламската држава, како и за основачот на Исламските фондации, Мухаџирун Израил Ахмеднабиев, познат и како Абу Умар Саситлински- додаде Истражниот комитет.

Според ФСБ, собраните средства биле претворени во готовина во странство и испратени за заговор и финансирање злосторства поврзани со тероризам.