Кацутоши Џицувава, пилотот во „Јапан ерлајнс“ е уапсен минатиот викенд на аеродромот „Хитроу“, откако алкотестот покажал позитивни резултати. Утврдено било дека во крвта има 1,89 промили алкохол.

Јапонскиот медиумски јавен сервис „НХК“ пренесува дека 42-годишниот пилот бил пријавен од возачот на автобусот кој го возел екипажот кон авионот. Тој почувствувал дека се шири миризба на алкохол во близина на Џицукава, на кој веднаш му било направено алкотест. Потоа и тој самиот признал дека многу испил.

Кацутоши Џицувава требало да лета како прв офицер на летот за Токио, но 50 минути пред полетувањето тој паднал на алкотестот.

Полетувањето на бонгот „777“ во кој тој требало да биде, бил одложен за 69 минути.
Законската граница за пилотите на авионите е 0,2 промили алкохол во крвта.

„Јапонија ерлајнс“ им се извини на патниците и вети дека веднаш ќе ги засили контролите за да спречат слични инциденти во иднина.