Во Северна Ирска е уапсен 40-годишен маж под сомнение дека е поврзан со смртта на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион ладилник во Есекс во октомври минатата година, јавува „Ројтерс“.

Ронан Хјуз во Северна Ирска е обвинет по 39 точки за убиство за убиство, како и за прекршоци во врска со имиграцијата, навела полицијата на округот.

Претходно овој месец возачот на камиони од Северна Ирска, Морис Робинсон, се изјасни за виновен по 39 точки за убиството на тие мигранти.