Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси водач на неонацистичка група во Владивосток, кој, како што се наведува, подготвувал терористички напад.

Како што соопшти ФСБ за ТАСС, уапсен е 21-годишен регионален водач на неонацистичката група „Право приморја“, кој планирал да изврши терористички напад со помош на импровизирана експлозивна направа.

„ Младиот човек имаше намера да изврши терористички напад со цел да влијае на државните власти во врска со прашањето за мигрантската политика“, соопшти ФСБ.

За време на апсењето, биле запленети компоненти за синтеза на експлозив, упатства за изработка и употреба на импровизирана експлозивна направа, четири парчиња ладно оружје и летоци од радикална десничарска група која повикувала на насилни злосторства.

Против уапсениот е покрената кривична истрага.