Британската полиција соопшти дека денеака уапсила маж на околу 40 години, осомничен дека прободел неколку лица во трговскиот центар „Арндејл“ во Манчестер.

Во нападот се повредени пет лица, а целиот центар е евакуиран, пренесе Би-би-си.
Брзата помош соопшти дека добила повик во 11:17 часот по локално време.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од местото на настанот на кои може да се забележи големо полициско присуство.

Очевидец изјавил дека напаѓачот трчал низ центарот со нож во раката и прободувал луѓе по случаен избор.

Нападот се случил на приземјето од трговскиот центар.