Еден од некогашните најблиски соработници на најголемиот наркобос во историјата Пабло Ескобар е уапсен откако неговиот син и открил во полиција каде се наоѓа. Според медиумите, тој го издал својот татко, бидејќи наводно имал афера со неговата жена.

Луис дел Рио, познат како Ел Тио е уапсен за време на рација во неговиот дом. Ел Тио бил клучен член на познатиот картел на Ескобар пред да станат противници, откако Ескобар ја киднапирал ќерката на Тио како одмазда затоа што украл пари. Потоа, тој се приклучил на криминалната банда Лос Пепес за да ја врати својата ќерка.

Ел Тио подоцна беше уапсен и осуден на 12 години затвор, но ги продолжил своите криминални активности кога беше пуштен на слобода.

Според сознанијата на полицијата, тој имал врски со малолетни девојчиња, а полицијата во неговиот дом пронашла олтар каде се верува дека практикувал црна магија. Ел Тио е еден од првите три шверцери на наркотици во земјата и меѓу првите десет шверцери што ги бара владата на САД.