Руската полиција денеска уапси околу 4.000 демонстранти кои бараа ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е зад решетки за наводни прекршувања на одредбите од условната затворска казна.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека САД ја осудуваат акцијата против мирните демонстранти, пренесува АП.

Изјавата на Бликен беше окарактеризирана од Министерството за надворешни работи во Москва како „грубо мешање во внатрешните работи на Русија“, со обвинение дека Вашингтон се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Русија.

Речиси 800 демонстранти беа уапсени во Санкт Петербург, 680 во Москва, а протести беа организирани и во Новосибирск, Краснојарск и Екатеринбург.