Руската федерална безбедносна служба ФСБ, приведе петмина мажи, осомничени дека се припадници на Исламска држава.

Како што се наведува, двајца од уапсените се Руси, а тројца доаѓаат од централна Азија.

ФСБ тврди дека мажите планирале терористички напад во Русија. ФСБ објави видео снимка од уапсените членови на Исламска држава, кои се осомничени за планирање терористички напади низ Русија.