Полицијата во Виетнам уапси 11 луѓе осомничени дека во земјата преку интернет вршеле измами и незаконски стекнувале имоти.
Се претпоставува дека на тој начин дошле до над пет милиони долари.

Сите осомничени – четворица Виетнамци и седуммина Нигеријци, живеат во Хо Ши Мин.

Како што наведува агенцијата ВНА, една жена од градот Хуе, во април пријавила во полиција дека еден странски државјанин и` украл 168.000 долари, а подоцна било утврдено дека парите биле префрлени на повеќе банкарски сметки, па извлечени од банкомати во Хо Ши Мин.

По околу 15 дена, полицијата открила дека првиот човек на оваа група измамници е Нигериец, под името Далакси Дејв, моментално населен во Камбоџа.

Како што се наведува, тој контактирал наивни жртви во Виетнам преку социјалните мрежи, преправајќи се дека е американски војник, барајќи од нив да им испратат вредни подароци на неговите пријатели во Виетнам или ги повикувал да инвестираат во бизниси во странство.

Исто така, на своите соработници во Виетнам им наредувал за време на купување преку интернет да вршат измама на штета на продавачот, а членовите на оваа група исто така ги лажеле жртвите, преправајќи се дека се службеници од полиција и други органи.