Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави оти очекува Европска Унија да ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината неприфатлива постапка заробување на украински бродови и морнари.

– Европа е обединета во својата поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет – посочи Туск додавајќи дека судирот е „причина за голема загриженост“.

Туск на маргините на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес апелираше до лидерите да разговараат за тензиите, вклучително и „руската агресија во Украина“.

Претседателот на ЕС не наведе какви санкции би можела да воведе ЕУ.