Турција создава нова воено база на источниот брег на Црното Море. Новиот воен објект ќе се наоѓа во областа на селото Сурмене, на 40 километри од градот Трабзон.

Се очекува, во воената база да служат 400 војници, а исто така ќе работат 200 цивилни лица.

Анкара го презема овој чекор по веста за плановите на САД за испраќање на своите воени бродови во Црно Море. Вашингтон ги презема овие дејства по инцидентот во Керченскиот Теснец.

Во моментов, Турција располага со осум воено бази во четирите мориња – Средоземно, Црно, Мраморно и Егејско.