Турција собори авион на сириските владини сили над Идлиб, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека воениот авион Л-39 бил соборен како дел од операцијата „Пролетен штит“.

Сириската новинска агенција САНА исто така објави дека е соборен воен авион на воените сили на сириската влада.