Турција соопшти дека сириските владини сили го прекршиле договорот за прекин на огнот постигнат со Русија во покраината Идлиб.

Русија ја поддржува владата на сирискиот претседател, Башар ал-Асад, а Турција поединечни бунтовнички групи во осумгодишната граѓанска војна, но заедно работеа на спречување на немирите во северозападниот дел од земјата, напомена „Ројтерс“.

Се наведува дека во последните недели напорите за мирно решавање на ситуацијата биле затегнати поради насилство во Идлиб, последното поголемо упориште на бунтовниците.

– Режимот не ги исполни ветувањата за прекин на огнот согласно договореното – наведе синоќа турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, предупредувајќи дека ескалацијата на насилството би можела да доведе до хуманитарна трагедија.