Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција за пет дена постигнала историски договори со двете најголеми светски сили, Русија и САД.

Тој за агенцијата „Анадолија“ изјави дека турската операција „Извор на мирот“ претставува пресвртница за иднината на Сирија.

– Турција за пет дена постигна историски договори со двете најголеми светски сили кои го прифатија легитимитетот на операцијата – рече министерот.

Чавушоглу додаде дека Турција со своите напори успеала да спречи формирање на терористичка држава во северниот дел на Сирија.