Турскиот парламент одобри испраќање мировни трупи во Азербејџан, кои ќе го надгледуваат почитувањето на договорот за прекин на огнот околу Нагорно-Карабах.

Пратениците во турскиот парламент изгласаа едногодишен мандат кој на владата ќе и` овозможи да испрати мировници во Азербејџан, каде ќе го надгледуваат примирјето околу Нагорно-Карабах од заедничкиот руско-турски центар.

Турскиот претседател Ердоган во понеделникот побара од парламентот да му одобри испраќање на турски војници во Азербејџан.

Бројот на распоредени војници ќе го одреди Ердоган.