Во турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија убиени се 342 терористи, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

– Војската успешно ја спроведува операцијата во согласност со нашите планови – рече Акар за НТВ и додаде дека според најновите податоци, биле неутрализирани 342 екстремисти.

Претходно, турското Министерство за одбрана соопшти дека во операцијата загинал и еден турски војник.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.