Турција од денес воведе задолжителна електронска регистрација за странските туристи.

Пред да влезат во Турција, во рок од 72 часа пред патувањето, странските туристи мора да го пополнат електронскиот формулар на Министерството за здравство, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.

Турските граѓани, лицата со дозвола за престој во Турција и патниците во транзит се изземени од обврската за електронска регистрација.