Турските и американските сили денеска започнаа заеднички патроли во областа Манбиџ, северна Сирија, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Претходно оваа недела, Акар рече дека обуката е завршена, а се очекува наскоро да започнат заеднички патроли.

САД и Турција во јуни одобрија документ за стабилизирање на Манбиџ, кој предвидува повлекување на сириските курдски Сили за заштита на народот од градот, како и распоредување турски и американски сили во областа со цел да се осигура безбедноста на Манбиџ.