Турски суд денеска на повеќегодишни затворски казни осуди неколкумина поранешни новинари на забранетиот весник „Заман“, под обвинени за поврзаност со несупешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Како што јави Анадолија, новинарите Сахин Ашлак и Али Булач се осудени на осум години и девет месеци затвор поради „членување во терористичка организација“, додека Мумтазер Туркон заработи затворска казна во траење од 10 години и шест месеци.

Турските власти го затворија весникот „Заман“ во 2016 година под обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој жовее во доброволен егзил во САД и кој, според Анкара, е организатор на обидот за пуч од пред две години.

Минатиот септември почна процес против 30 новинари на „Заман“ под обвиение за поврзаност со пучистите. Обвинетите новинари ги отфрлаат ваквите обвинувања.