Турските воздухопловни сили извршиле воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористичката организација Курдска работничка партија (ПКК), јави агенцијата Анадолија.

Според соопштението на Турската војска, акцијата била извршена со цел да се спречат напади на ПКК врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин, Зап и Метина во северниот дел на Ирак.

Во рамки на операцијата уништени се 12 позиции кои биле користени како засолништа и складишта за оружје.