Вкупно 160 нелегални мигранти вчера се притворени во регионот Чанаккале во северозападна Турција, објави агенцијата Анатолија, цитирајќи извори од безбедносните сили.

Во една акција полицијата уапсила 40 илегални мигранти, пронајдени во камион во областа Ајваџик. Мигрантите сакале да стигнат до грчкиот остров Лезбос.

Подоцна, на градилиште во истиот регион, се уапсени уште 120 илегални мигранти.

Мигрантите се од Сирија, Сомалија, Пакистан, Авганистан, Мали и Сенегал. Тие се предадени на службата за миграција.