Турската Црвена полумесечина гради два нови кампа за Сиријците, кои побегнаа од Источна Гута, соопшти претставникот на организацијата Кадир Гундуз.

Тој изјави дека во сириските градови Азаз и Идлиб се градат кампови со капацитет од 500 и 1.200 места.

– Планираме да изградиме уште бегалски кампови. Се додека постои потреба од дополнителни легала, ние ќе продолжиме да градиме кампови – додаде Гундуз.