Белгиските туроператори ТУИ и Томас Кук соопштија дека ги прекинуваат летовите до Каиро заради вчерашниот напад во близина на пирамидите во Гиза.

Засега летовите од Белгија до двете туристички места Хургада и Шарм ел Шеик продолжуваат. Туроператорите соопштија дека во реонот на Каиро нема белгиски туристи и дека ќе ги следат предупредувањата на белгиското МНР. Засега Министерството не издаде препорака да не се патува до Египет.