Шведската активистка Грета Тунберг денеска изјави дека е малку изненадена што е прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“.

Додека ја напушташе Конференцијата за климатски промени на ООН во Мадрид, Тунберг изјави за „АП“ дека сака да им ја посвети наградата на сите млади активисти.

Сега планира да се врати дома во Шведска и да одмори за време на празниците.

-Ако не направите пауза, нема да можете да продолжите – рече 16-годишната активистка.

„Тајм“ ја прогласи Тунберг за личност на годината поради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.