Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека консумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе стане законско во земјата од 17 октомври.

Законот, кој го поднесе либералната Влада на премиерот, неделава е усвоен во двата дома на Pарламентот. Тој вклучува преоден период од 8 до 12 недели за да им се даде време на осумте провинции и три северни територии на Канада да организираат продажба на марихуана за рекреативни цели во специјализирани продавници. Трудо информира дека провинциите побарале повеќе време и затоа законот ќе влезе во сила 17 недели по неговото усвојување.

Владата истакна дека легализирањето е единствениот начин да се спречи илегалата индустрија со марихуана вредна милијарди долари и која во моментов е под контрола на криминални групи.

Канада е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба.

Поседувањето канабис во Канада е криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.