Три лица се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.

Напаѓачот сè уште не е уапсен, но полицијата соопшти дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“.

Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка.

Засега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.
Возачот на автобусот повикал полиција, а жртвите сè уште не се идентификувани.