Најмалку три лица се убиени утрово во напад со нож во близина на железничка станица во рускиот град Екатиринбург, пренесе руската агенција ТАСС.

Како што се наведува, полицијата уапсила маж кој го извршил нападот. Според информациите, нападот се случил за време на расправија околу алкохол.