Три лица кои вчера планинареле на планинскиот венец Татри загинале од удар на гром. Меѓу жртвите е и едно дванесетгодишно дете.

Шефот за обезбедувањето на Националниот парк на Татрите, Едвард Влазло, изјавил дека при невреме гром погодил три лица кои планинареле јужно од одморалиштето Закопане.

Минатата недела на овој планински венец од удар на молња загинале и пет други лица, соопштија полските власти. Четворица туристи загинале од удар на молња за време на ненадејно невреме на 22 август од полската страна на Татрите, а еден турист животот го загубил на словачката страна од планинскиот венец.