Најмалку единаесет лица настрадаа, а 31 се спасени во денешната несреќа во која се превртеа три траекти како последица на лошото време помеѓу филипинската провинција Гуимарос и Илоило, соопшти филипинската крајбрежна стража.

Метеоролозите од претходно предупредиле на силни поројни дождови и грмежи поради невреме кое го зафатило источниот дел од земјата.