Полициските сили за борба против тероризмот разгледуваат три пакети со експлозиви, најдени на аеродромите „Хитроу“ и „Лондон Сити“ и на железничката станица „Ватерло“ во Лондон.

– Малите импровизирани експлозивни направи се најдени во поштенски пакети А4, соопшти полицијата и додаде дека никој не е повреден.

Навигацискиот центар на „Хитроу“ е евакуиран, откако пронајдокот бил пријавен во полиција околу 9:55 часот.

– Овие уреди, во оваа рана фаза на истрагата, можат да направат мал пожар при отворањето- се наведува во соопштението.

Во наредните три часа во Лондон се најдени уште два пакета.

Еден дел од станицата „Ватерло“ беше затворен откако беше пријавен вториот пакет околу 11 часот и 40 минути.

По наоѓањето на третиот пакет, околу 12 часот и 10 минути, персоналот од „Лондон Сити“ е евакуиран.

Специјалци се наоѓаат на местото на настанот и истрагата е во тек.