Двајца полицајци и една жена-цивил се повредени откако маж се обидел да земе 20 лица за заложници во трговски центар во италијанскиот град Фјуџи.

Италијанските карабиниери брзо го совладале невооружениот маж, за кого постои сомневање дека има ментална болест и го одвеле во психијатриска болница.

Тој прво го нападнал директорот на трговскиот центар, а потоа се заклучил во училница со 20 студенти кои биле на практична настава.

Полицијата веднаш пристигнала, а при спасувачката акција повредена е една жена и двајца полицајци.