Најмалку три лица загинаа во пожарите во австралиската држава Нов Јужен Велс, а со огнот се борат повеќе од 1.000 пожарникари.
Најмалку седум лица се водат како исчезнати, а надлежните предупредуваат на катастрофална опасност од пожарите. Чадот стигнал и до Нов Зеланд, објави Си-ен-ен.

Утринава активни биле 64 пожари, од кои 40 сè уште не се локализирани. Изгореле околу 100 куќи.

Предупредувањето за катастрофална опасност е издадено за подрачјето на Сиднеј и Хантер, а на населението му се препорачува да ги избегнува подрачјата погодени со пожари.

Освен човечки жртви, се проценува дека настрадале околу 350 коали.