Тринаесет лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според видеото, коешто го објавија тамошните медиуми, пожарот предизвикал силна експлозија.

Според руското Министерство за вонредни состојби, се запалил резервоар со бензин, кој предизвикал експлозија во областа Тракторозаводски во градот. Пожарот е изгаснат, а повредените се пренесени во болница.