Десетици луѓе се сметаат за загинати во пожарот на брод во близина на островот Санта Круз во Калифорнија, пренесува „Дејли експрес“.

Американската крајбрежна стража распореди повеќе екипи за да се справи со пожарот на бродот.

Крајбрежната стража активираше повеќе екипи за спасување, заедно со екипи од локалните агенции, за да им помогне на повеќе од 30 лица кои се во неволја на бродот во близина на островот Санта Круз – се вели во соопштението на Американската крајбрежна стража.

Се верува дека од бродот се спасени петмина, а 30 се сметаат за исчезнати. Пожарот сè уште не е изгаснат.