На гласањето одржано во вторникот, на Советот на Европа (СЕ) беше поставено прашањето дали на Русија треба да ѝ се овозможи рамноправно членство во парламентарното собрание на Советот. Правото на гласање на Русија беше одземено откако се случи воениот конфликт во Украина во 2014 година. Расправата во СЕ предизвика бурни реакции кај западните медиуми, од кои дел тврдат дека правото на глас на Русија би значело капитулација за Европа, а останатите го поддржуваат, нарекувајќи го разумен чекор, пренесува „Геополитика”.

Поддршката за Русија да го врати правото на глас дадоа 12 земји, додека пет земји веднаш црвсто ја одбија ваквата можност. Државите кои без колебање рекоа „да“ се Андора, Австрија, Азербејџан, Кипар, Франција, Р. Ирска, Исланд, Норвешка, Сан Марино, Србија, Шпанија и Турција. Против беа Естонија, Грузија, Летонија, Литванија, Полска, Шведска, Украина и Велика Британија.

Ноќта помеѓу 23 и 24 јуни беше усвоена резолуцијата за враќање на руската делегација во Европскиот совет. Поради ова, украинската делегација ја напушти сесијата, а владата на Киев најави протест на европските институции, нарекувајќи ја ваквата одлука срамна. Германија пак, има став дека ваквата одлука е добра.

– Русија е дел од Европскиот совет, и таа ги има сите права и обврски. Задоволен сум што ПСВЕ го отвори патот кон компромис за членството на Руската Федерација – изјави Хајко Мас, германскиот министер за надворешни работи.

Сепак, земјите мора да гласаат и да ги разгледаат жалбите кои беа поднесени од страна на Украина и другите земји кои беа против. Ставот на Русија пак, е дека нема да стори ништо сѐ додека не го добие целосниот, рамноправен статус како и другите земји во Парламентарното собрание.

САД внимателно ги следат промените, и покрај тоа што не се дел од ова тело на Унијата. Главно, тие работат со него, трудејќи се внимателно да влијаат на одлуките кои ги носи истото. Сето ова е чудно, поради тоа што самиот Совет на Европа наметна санкции врз руската делегација, односно и го одзеде правото да гласа откако се случи окупацијата на Крим и конфликтот во Украина. За сето ова, досега, воопшто не беа одржани никакви разговори. Сега, не само што правото на Русија е вратено, туку практично Советот ја бара Русија да се врати назад.

Со оглед на тоа што Европскиот совет е составен за сите европски земји, а Русија е дел од тие земји, таа е една од најстарите консултативни тела, но не треба да се занемари територијалноста, бројноста на населението, и секако, нејзината воена моќ. Не треба да се занемари и нејзината важност кога станува збор за воената стабилност на континентот, па и во целиот свет, а европските земји се свесни за тоа.

На страна тоа што Русија е обивинувана дека има прекршено одредени правила, зарем не може со истото тоа да се пофали, на некој начин, секоја членка на Унијата? Со своите постапки, европските лидери се вплеткаа самите во играта помеѓу Русија и САД, а за време на овој процес ја направија Европската Унија речиси непрепознатлива. На врв на ова, неконтролираната миграција, проблемите со тероризмот и напнатата ситуација со Украина, која цело време е закана и еден вид црна дупка која ја влече Европската Унија кон влегување во конфликт со Русија.

Поради сите овие причини, не е ни чудно што европските земји се трудат да ја привлечат Русија, а таа од нејзина страна не сака да се врати доколку нема рамноправен статус како и другите земји. Очигледно е дека европските земји не сакаат да продолжи кризата, ниту пак да влезат во воен судир со Русија. Ова може да се толкува и како одговор упатен кон САД, дека Европа не сака да биде доминирана и дека САД не треба да се мешаат во нивните клучни политички одлуки.